економија

Пазарната вредност на Тесла достигна 1 трилион долари

- Акциите на компанијата, чиј извршен директор е Илон Маск, пораснаа по изборната победа на Трамп.

Dilara Zengin Okay  | 08.11.2024 - Обновена : 08.11.2024
Пазарната вредност на Тесла достигна 1 трилион долари

ВАШИНГТОН (АА) - Пазарната вредност на американскиот производител на електрични автомобили Тесла достигна 1 трилион долари, известува Анадолу.

Цената на акциите на Тесла се зголеми за повеќе од 6%, достигнувајќи вредност од 317,60 долари, заклучно со 17:30 часот по средноевропско време.

Со растот на акциите, пазарната вредност на Тесла надмина 1 трилион долари.

На тој начин Тесла се најде на 9-то место меѓу највредните компании во светот.

Акциите на компанијата, чиј извршен директор е Илон Маск, пораснаа откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на претседателските избори одржани на 5 ноември во САД.

Маск, еден од најголемите поддржувачи на Трамп, донираше повеќе од 130 милиони долари за изборната кампања.

Акциите на Тесла пораснаа за повеќе од 27% од почетокот на неделата по изборната победа на Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın