Kasım İleri
31 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Турските и американските бизнисмени треба да придонесат за проширување на трговијата помеѓу Турција и САД, рече турскиот претседател во текот на синоќешната вечера којашто ја имаше со претставници на десетици турски и американски компании, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот пртседател истакна дека неговата земја сака нивото на економска соработка помеѓу САД и Турција да биде исто со нивото на политичките односи и соработка на НАТО сојузниците.
„Не може да се каже дека потенцијалната економска и комерцијална соработка помеѓу двете земји е сосема реализирана”, рече Ердоган.
„Имаме големи очекувања од вашите ценети претставници на престижните американски компании, како и од турските претприемачи, за пополнување на овој недостаток”.
Трговската размена помеѓу Турција и САД во 2015 година изнесуваше 17,5 милијарди долари додека помеѓу Анкара и Европа за истиот период достигна 150 милијарди долари, нагласи Ердоган.
„Ве поканувам одовде да инвестирате повеќе во Турција”, рече тој, осврнувајќи се на загриженоста на турските претприемачи за инвестирање во САД поради законските разлики, конкурентната средина и географската оддалеченост.
„Ги повикувам и нашите претприемачи да бидат поамбициозни, да направите цврсти среднорочни и долгорочни планови, да развиете партнерства со локалните компании и да ја проширите вашата комерцијална мража на оваа страна од океанот”, рече тој.
„Турција сигурно ќе застане зад вас”. Истакнувајќи ги економските прилики во Турција, Ердоган истакна дека, исто така, и американските инвеститори се заинтересирани за инвестирање во земјата.
„Досега немало бизнисмен кој се покајал што инвестирал во Турција, дека бил изложен на незконски политики или пак имал потешкотии во користењето на својата комерцијална добивка”, рече Ердоган.
„Реалност е дека постојат одредени проблеми во нашиот регион кои имаат некои несакани ефекти но тоа нема да ја сопре Турција на патот кон своите цели”.
Турскиот претседател, исто така, нагласи дека неговата влада нема да дозволи тероризмот да ѝ нанесе штета на демократијата и јавниот ред - мислејќи на неодамнешните напади и на забранетата терористичката организација ПКК во југоисточна Турција.