Rahmi Gündüz
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Како резултат на терористичките напади во Париз, бројот на туристи во овој град, во последниот месец, во однос на минатата година е помал за 24 отсто, соопштено е од Туристичката заедница на Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Според месечните податоци, бројот на лица кои користат хотели, ресторани, кафулиња и други туристички места, е намален за 27 отсто во однос на истиот период минатата година.
Во главниот град на Франција, предбожиќната заработувачка на многу продавници е помала за 30 отсто, а има и значителен број откажани концерти, тури и културни активности во туристичкиот сектор.
Забележителен е падот на заработувачката и на рестораните, кината, концертните сали и другите јавни места поради намалениот број на луѓе кои ги посетуваат.
На 13-ти ноември во Париз, изведени беа неколку терористички напади. Во нив загинаа 130 лица, а беа повредени 351 лице. Одговорноста за овие напади ја презеде терористичката организација ДАЕШ.