Murat Temizer
27 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
АНКАРА (АА) – Владата на Полска го одобри предлогот за замрзнување на цената на првите 2000 киловат-часови електрична енергија месечно што ја трошат домаќинствата во 2023 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Владата на Полска одлучи да воведе тарифа од три фази на сметките за електрична енергија во домаќинствата.
Според тоа, утврдени се посебни тарифи за потрошувачка на електрична енергија од 2.000, 2.600 и 3.000 киловат-часови за следната година.
Полските граѓани доколку потрошат до 2.000 киловат-часови месечно нема да плаќаат со зголемена цена. Оваа граница ќе биде 2.600 киловат-часови за граѓани инвалиди и 3.000 киловат часови за многудетни семејства и земјоделците.
Според пресметките, 17 милиони домаќинства ќе имаат бенефит од замрзнатите цени.
Дополнително, домаќинствата во земјата кои ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија за 10 отсто ќе бидат наградени со дополнителни 10 отсто попуст на сметката.