Fatjon Cuka
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ТИРАНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Полска, Витолд Вашчиковски, денеска пристигна во Албанија, во рамките на официјалната посета. Тој првин се сретна со својот албански колега Бушати, додека на крајот на средбата двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
Бушати во својот говор рече дека Полска е една од земјите која е јасно за проширувањето на ЕУ, додека неговиот полски колега изрази поддршка за процесот на европска интеграција на Албанија.
„Ја изразив мојата благодарност за поддршката што Албанија ја има од Полска во процесот на европска интеграција. Познато е дека Полска е една од клучните земји членки на Европската унија со богато искуство во демократската транзиција, која е јасно за проширувањето на ЕУ. Во последниве години има зголемување на бројот на полски туристи во посета на албанскиот брег”, рече Бушати.
Бушати и Вашчиковски рекоа дека на средбата разговарале и за очекувањата од Самитот во Варшава, според нив, земајќи ги во предвид предизвиците со кои се соочува европската безбедност.
Вашчиковски понатаму рече дека неговата земја има намера и сака да ги прошири односите со Албанија, и во политичка и во економска смисла.
„Ние сме заедно во НАТО и, исто така, се надеваме дека ќе бидеме заедно во уште една институција како што е Европската унија. Покрај прашањата поврзани со безбедносните предизвици, разговаравме и за прашањата поврзани со историјата и искуството на нашите земји”, рече полскиот дипломат.
Се очекува за време на посетата на Албанија, Вашчиковски да оствари средби и со другите високи претставници на земјата.