Sibel Morrow
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
ЛОНДОН
Цените на суровата нафта пораснаа денеска по големиот пад на американските резерви на нафта и слабеењето на доларот како последица на порастот на загриженоста на инвеститорите во однос на прашањето на глобалната побарувачка поради зголемувањето на бројот на случаите со коронавирусот (Ковид-19) во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 0,06 отсто во однос на претходното затворање и изнесуваше 45,47 долари.
На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,13 отсто повисока цена од 42,21 долар.
Комерцијалните резерви на суровата нафта во Соединетите Американски Држави (САД) паднаа за 7,4 милиони барели или 1,4 отсто, на 518,6 милиони барели во неделата заклучно со 31 јули.
Слабеењето на доларот, што цената на нафтата ја прави релативно пониска за сопствениците на странски валути, исто така предизвика раст на цената на нафтата.
Исто така, сѐ поголемиот број случаи на Ковид-19 низ светот укажува на тоа дека глобалната потрошувачка на нафтата веројатно ќе остане ниска до крајот на 2020 година.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на случаите со заразување со Ковид-19 во светот надмина 18 милиони. САД со речиси 4,8 милиони е земја со најмногу заразени во светот, а потоа следуваат Бразил со над 2,8 милиони и Индија со повеќе од 1,9 милион случаи.