Zeynep Beyza Kılıç,Övünç Kutlu
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на состанокот во Виена донесе одлука за намалување на производството на нафта за 1,2 милиони барели дневно, јавува Anadolu Agency (AA).
Катарскиот министер за енергетика и индустрија Мохамед Бин Салех Ал-Сада истакна дека договорот е постигнат со согласност на сите членки. „Со согласност и разбирање на сите членки дојдовме до овој договор", рече Ал-Сада.
„Денеска постигнавме голем успех. До овој договор дојдовме со согласност и разбирање на сите членови. Овој договор е постигнат со чувство на одговорност на членките на ОПЕК и земјите кои не се членки на овие организации", рече Ал-Сада.
Истакна дека членките на ОПЕК донесоа одлука врз основа на глобалните економски движења, нивоата на производства на нафта како и побарувачката.
Нагласи дека е донесена ваквата одлука за да повторно се стабилизира пазарот на нафта во светот.
„Донесовме одлука за намалување на производството на нафта за 1,2 милиони барели дневно. Договор за намалување на производството ќе стапи на сила во јануари 2017 година", рече Ал-Сада.
Истакна дека според договорот, земјите кои не членуваат во ОПЕК дневно ќе го намалат производството на нафта за 600.000 барели, додека Русија вети дека исто така ќе го намали производството за 300.000 барели дневно.
Според договорот на ОПЕК, дневното производство на нафта ќе биде намалено од 33,24 милиони барели на 32,5 барели.
Договорот кој денес е постигнат ќе трае шест месеци, додека во мај 2017 година на состанокот на ОПЕК повторно ќе се разгледува неговото продлабочување.
По повеќемесечните преговори, претставниците на земјите членки на ОПЕК се состанаа во среда во Виена, за да се обидат да постигнат договор за намалување на производството на нафтата, со цел подигнување на цената.