Dzihat Aliju
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) – Наил Олпак, претседател на независното здружение на бизнисмени и индустријалци од Турција (МУСИАД) истакна дека сите земји од Балканот имаат одделно значење за здружението, но позицијата на Македонија е посебна, бидејќи истовремено таа претставува и центар на регионот.
Во рамките на отворањето на филијалата во Македонија, претседателот на МУСИАД, Олпак, во разговор за Anadolu Agency (AA) говореше за работата на асоцијацијата и за важноста на филијалата што се отвора во Македонија.
Олпак, кој Македонија ја опиша како срцето на Балканот, рече дека подолг период работат на отворањето на филијалата во земјата.
Олпак истакна дека е дојден во Македонија по повод отворањето на филијалата: „Отворањето на филијалата претставува унапредување на нашето постоење на Балканот, коешто егзистираше во вид на претставништво. Планираме во периодот што претстои да не останеме само во рамките на центарот, туку тоа да биде основа за структурирање на нашата организација и во останатите земји“.
Претседателот на МУСИАД, Олпак, вели дека сите земји имаат големо значење за асоцијацијата, и истакна дека ја избрале Македонија бидејќи забележале дека таа нема недоразбирања со соседите и оти има улога на регионален центар.
Во продолжението на интервјуто, Олпак посочи дека во иднина посакуваат да влезат и во останатите балкански земји: „За да го направиме тоа, потребно е да имаме одредена бројка на подготвени бизнисмени кои би делувале според мисијата на МУСИАД. Во услови на добро формирано јадро, МУСИАД Македонија во рамките на сопственото раководство нема само бизнисмени кои работат само во Македонија, туку и од соседните земји, како што се Косово, Албанија, Србија и Грција“.
„Македонија има централна позиција“
„Во блиското подрачје, асоцијацијата има своја филијала во Романија, додека на Балканот се застапени само во Македонија, поради што таа има улога на централна позиција“, рече Олпак и додаде дека очекува по зголемувањето и постигнувањето на доволен број бизнисмени и во останатите земји, ќе отворат нови филијали и асоцијацијата ќе продолжи со нови активности.
Претседателот Олпак рече дека МУСИАД Македонија планира да има активности што ќе бидат од корист за Македонија.
„Членовите во иднина ќе треба да бидат дел од проектите. Тоа нема да бидат, како и секогаш, класични работни прошетки. Ќе има работни прошетки, работни форуми, учество на саеми, изготвување извештаи во врска со социјални и економски теми на земјите. Ќе биде потребно да ги претстават очекувањата и проблемите на владините раководители од бизнис светот во земјите од кои потекнуваат“.
Претседателот на асоцијацијата МУСИАД, Наил Олпак, истакна дека покрај гаранцијата меѓу бизнисмените, од големо значење е потребата од лидерство.
„Наместо да се водат според информации што одат од уво до уво, МУСИАД Македонија ќе биде првата адреса од која ќе се информираат лицата што работат во Македонија, оние што сакаат да инвестираат во Македонија или оние што за првпат почнуваат со работа“, истакна Олпак.
Олпак потсети дека асоцијацијата потпишала протоколи за добра волја со стопанските комори на Македонија, Албанија и на Косово.
„Овие договори се договори на добра волја и за секој ваш почеток не содржи строги одредби, па доколку сте добронамерни, тогаш ќе ги отворат вратите за вас. Доколку правиме проценка од тој аспект, позитивни се гледиштата на трите комори кон МУСИАД и гледиштата на МУСИАД кон коморите. Ние велиме дека сме подготвени за заедничка бизнис соработка. Во периодот што следува, ќе имаме меѓусебни посети што ќе ни покажат врз каква основа ќе биде градена работната соработка“.