Senada Ibraimova
21 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) – Денес во Скопје се одржа турско – балкански бизнис форум, во организација на Стопанска комора на Македонија и здружението на бизнисмени и индустријалци од Турција МУСИАД, со цел унапредување и зајакнување на економската соработка со Турција и останатите држави од Балканот, јавува Anadolu Agency AA
Во рамките на овој бизнис форум претставниците на балканските стопански комори од 9 држави во регионот ќе имаат прилика да ги проследат можностите за инвестирање во Балканските држави.
На отворањето на овој форум со поздравни говори се обратија, претседателот на МУСИАД за Македонија Билал Кара, претседател на Мусиад Наил Олпак и претседателот на стопанска комора на Македонија, Бранко Азески.
Претседателот на МУСИАД Наил Олпак во своето обраќање пред учесниците рече дека, секоја компанија треба да биде член на некоја стопанска комора, затоа што ќе може да ја користи поддршката на организацијата во која што членува.
„Целта на МУСИАД во Македонија е да биде една потребна стопанска комора, но нашиот основен приоритет не е само да бидеме во Македонија, туку по зајакнувањето со филијалата во Скопје, целосно да ја интегрираме во нашата мрежа, која ќе се шири низ светот и ќе придонесе во развојот на државата", рече Олпак.
Претставникот на МУСИАД во Македонија, Билал Кара врз основа на своето искуство како бизнисмен кој има реализирано инвестиции во сите Балкански држави истакна дека, овој регион има потреба од инвестиции во многу области.
„Јас сум уверен дека со ова ќе придонесеме за поголем развој на економската соработка меѓу државите од регионот и Турција“, рече Кара. Тој додаде дека во овој регион има недостаток на организација и недоволно информираност за можни инвестиции и за таа цел според него, овие видови на организации ќе помогнат во оваа област.
Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на отворањето на форумот во својот поздравен говор рече дека, со оваа соработка, земјите од Балканот како мали земји, вклучувајќи ја и Македонија, ќе добијат многу, бидејќи ќе имаат можност да излезат на странските пазари со заеднички проекти, заеднички производи и заеднички настап на третите пазари, добро вмрежени преку Турските бизнис асоцијации.
„Од Турција може да се научи многу за бизнисот и ние цело време учиме од Турција затоа што е она локомотива на развојот на бизнисот на Балканот, она е мост кон трите страни во светот, коишто овозможуваат настап на нашите компании на трети пазари кон Африка, кон Блискиот Исток и кон поранешните Советски републики, пазари коишто одговараат на нашиот производ и нашиот менталитет и пазари коишто морат да бидат клучни во нашата понатамошна економска експанзија, затоа што извозот на нашите производи, барем од Македонија и од Балканот према ЕУ достигна ниво од 70 проценти“, истакна Азески.
Претседателот на МУСИАД, Олпак ќе потпише меморандум за соработка со стопанските комори на Македонија, Албанија и Косово по што ќе се одрѓи Гала вечер, каде ќе учествуваатдржавни претставници, вклучувајќи го премиерот за спроведување избори, Емил Димитриев.