Murat Birinci
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Централната банка на Република Турција, Наџи Агбал, на презентацијата на „Монетарните политики и девизни курсеви во 2021 година“ истакна дека стабилноста на цените, одржливиот раст и вработувањето се предуслов за социјалната благосостојба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агбал истакна дека обезбедувањето на стабилноста на цените треба да е заедничка цел на сите, и нагласи: „Како Централна банка на Република Турција (TCMB) искрено веруваме во оваа цел и решени сме да ја намалиме инфлацијата.“
Наведувајќи дека Централната банка нема да купува или продава девизи за да го одреди нивото или насоката на девизниот курс, претседателот Агбал рече дека монетарната политика во 2021 година ќе се воспостави и спроведе во едноставна и разбирлива рамка.
„Стабилноста на цените, одржливиот раст и вработувањето се предуслов за социјалната благосостојба. Девизните курсеви ќе се формираат според рамнотежата на понудата и побарувачката под услови на слободен пазар. Централната банка нема номинална или реална цел на девизниот курс“, додаде Агбал.
Toj подвлече дека се посветени на целта за инфлација од 5 проценти, поставена со Владата, и додаде:
„До 2023 година ќе направиме големи напори да ја постигнеме оваа цел со силна координација на политиките и со решително користење на сите алатки на Централната банка.“