Durmuş Genç
02 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
МУГЛА (АА) - Со сите преземени мерки поради пандемијата на коронавирусот, дестинациите за летен одмор во западна Турција ги пречекуваат украинските туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првата група украински туристи пристигна во западната турска област Мугла на 28 април за да го поминат својот двонеделен одмор во Фетије и Мармарис.
„Особено му се восхитувам на Мармарис. Ги минувам моите годишни одмори во Мугла и премногу ми се допаѓа“, изјави за АА Татјана Скрајвиен, една од туристите, пофалувајќи ги преземените мерки преземени против Ковид-19. „Овде се чувствуваме безбедно“.
Натали Сувејт, пак, рече дека ја одбрале Мугла како туристичка дестинација за пријатен одмор. „Ова е мој седми пат во Турција, која ги предводи земјите кои се борат против коронавирусот.“
Димитри Мовчан дошол во Мугла за првпат со семејството. „Мугла е идеално место за одмор ... Возбуден сум”, истакна тој.
Џенгиз Тугрул Ајаз, генерален директор на меѓународниот аеродром „ЈДА Даламан“, еден од трите во југозападна Турција, рече дека најголем дел од туристите кои го посетуваат градот секоја година се од Велика Британија, Русија и Украина.
„Очекуваме 8.500 украински туристи да пристигнат во регионот до 17 мај“, рече тој.
Додаде дека според резервациите, околу 160.000 украински патници би требало да дојдат во Даламан за време сезоната на одмори.