Tuba Onğun
13 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
АНКАРА (АА) – Стапката на невработеност во Туркије (Турција) падна на 10,9 отсто во мај, што е пад од 0,3 процентни поени во однос на состојбата пред еден месец, објави статистичкиот орган на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на невработени лица – на возраст од 15 и повеќе години – се намалил за 56.000 месечно на речиси 3,8 милиони во мај“, се вели во соопштението на Турскиот статистички институт (TurkStat).
Стапката на невработеност изнесува 9,5 отсто кај мажите и 13,8 отсто кај жените во наведениот месец.
„ТуркСтат“, исто така, соопшти дека бројот на вработени лица се искачил на 30,8 милиони во мај, што претставува пораст од 358.000 во однос на април, додека стапката на вработеност изнесуваше 47,8 отсто со зголемување од 0,5 процентни поени.
Работната сила се искачи за 302.000 на 34,6 милиони во истиот период, а стапката на учество на работната сила изнесуваше 53,6 отсто со зголемување од 0,4 процентни поени.