Erhan Cihan Ünal
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Делегациите на Туркије и на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе се состанат утре на инвестициска средба во турската метропола Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тројца министри од ОАЕ и високи претставници на инвестициски фондови и компании на овој настан ќе се сретнат со лидери на турски организации од јавниот и приватниот сектор, како и со претставници на деловниот свет.
Според соопштението на Министерството за индустрија и технологија на Туркије, ОАЕ планираат да инвестираат во турската економија по посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Обединетите Арапски Емирати во февруари.
На состанокот во Истанбул ќе присуствуваат султанот Ахмед ал Џабер, министер за индустрија и напредна технологија на ОАЕ, Тани бин Ахмед ал Зејуди, државен министер за надворешна трговија, и Сара бин Јусеф ал Амири, државен министер за образование и напредна технологија.
Посетата на министрите на ОАЕ е важна во време на нова ера во односите меѓу Анкара и Абу Даби.