Muhammed Bilal Kenasari
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе ги обнови преговорите за Договорот за слободна трговија со Северна Америка (НАФТА), јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп најави дека во иднина, на средбите со лидерите на Мексико и на Канада, на дневен ред ќе го стави прашањето за обнова на договорот НАФТА.
И за време на изборната кампања, Трамп најави дека ќе вложи големи напори за обновување на договорот за слободно движење на стоки со Северна Америка.
„НАФТА беше еден од главните елементи на мојата изборна кампања. Ќе го обновиме тој договор во однос на зајакнување на граничната безбедност и борбата против илегалната миграција“, изјави Трамп.
Американскиот претседател Трамп, исто така рече дека веќе се утврдени датумите на неговите состаноци со мексиканскиот колега Енрике Пења Нита и со премиерот на Канада, Џастин Tрудо.
Паралелно со ова, и шефот на мексиканската дипломатија Луис Видегарај Касо изјави дека Мексико е подготвено да го ревидира договорот НАФТА откако Доналд Трамп стана претседател на САД.