Турција, економија

Туркије со 46,9 милијарди долари приход од туризмот во периодот од јануари до септември

Од јануари до септември земјата беше домаќин на над 48 милиони посетители, што е пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година

Gökhan Ergöçün  | 31.10.2024 - Обновена : 31.10.2024
Туркије со 46,9 милијарди долари приход од туризмот во периодот од јануари до септември

ИСТАНБУЛ (АА) – Приходите од туризмот на Туркије во првите девет месеци од оваа година изнесуваат вкупно 46,9 милијарди долари, што е за 6,6 отсто повеќе на годишно ниво, објави денес Турскиот институт за статистика (TurkStat), јавува Анадолу.

Од јануари до септември земјата беше домаќин на над 48 милиони посетители, што е пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година.

Просечните трошоци по жител во истиот период изнесуваа 970 долари, што е за 1,6 отсто помалку од претходната година.

Само во текот на третиот квартал Туркије од туризмот оствари приход од 23,2 милијарди долари, што е за 3,9 отсто повеќе во однос на претходната година.

Вкупно 23,2 милиони луѓе ја посетија Туркије во периодот јули-септември, што е зголемување од 3,5 отсто, при што трошоците по жител достигнаа 1.001 долар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.