Murat Ünlü
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - И покрај организираните терористички напади минатата година, 2015 година во Франција е забележана како рекордна година по бројот на туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени од Владата на Франција, оваа земја во 2015 година беше посетена од страна на 84,5 милиони туристи.
Пред извршените терористички напади во Париз во јануари и ноември 2015 година, во однос на 2014 година, забележан е пораст за 0,9 отсто на туристите кои ја посетиле Франција. Извештаите од министерството за надворешни работи на Франција покажуваат дека тоа е рекорден број.
Во Париз на 13-ти ноември 2015 година се извршени неколку терористички напади во кои загинаа 130 лица. Поради тоа, во тој период бројот на туристите беше намален за 15 отсто во однос на истиот период претходната година.
Терористичкиот напад на редакцијата на списанието Чарли Хебдо во Париз 2015 година, исто така, влијаеше на помалиот број туристи.
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан Марк Ејро, претходно соопшти дека целта на Франција е до 2020 година годишно да угости 100 милиони туристи.
Агенцијата за државната статистика на Франција претходно поднесе извештај дека по две недели од терористичките напади во ноември минатата година, бројот на туристите бил помал за 25 отсто во однос на истиот период 2014 година.
Според последните податоци, Франција годишно ја посетуваат околу 3,6 милиони туристи од САД кко и скоро два милиони туристи од Кина.