Besar Ademi
18 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (AA) – Со свечена церемонија во јужниот град на Македонија, Гевгелија, реновираната филјала на турската банка "Халкбанк" ги започна банкарските активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директор на претставништвото на "Халкбанк" во Македонија, Неџдет Палакчи, во својот говор пред учесниците кажа дека пред неколку недели во центарот на Скопје исто така е отворена најмодерната филијала во земјата.
Исто така во својот говор, тој рече дека денес во Гевгелија се отвора современа филјала со најмодерни технолошки иновации, кои градот ги поседува.
"Нашата банка во иднина ќе остане лидер во иновативен пристап на услуги. Со тренд да стане една од најсилните банки во регионот, нашата банка ја купи Чачанска банка во Србија. Со купување на банката и во иднина се надеваме дека ќе дадеме придонес кон продлабочувањето на соработката со Македонија, Турција, Србија и другите земји во регионот ", рече Палакчи.
Палакчи рече дека од моментот на влегување на македонскиот пазар, во текот на изминатите четири години, Халк банк влезе во кругот на банките со повисок развој и додаде дека и во иднина ќе продолжат да го да поддржуваат развојот на пазарот.
Претседателот на Советот на општина Гевгелија Драги Хаџи Николов, рече дека реновираната филјала во Гевгелија ќе придонесе за соработка и разбирање помеѓу граѓаните и вработените во новоотворената филјала.
Низ целата територија на Македонија "Халкбанк" врши банкарски услуги со 34 филијали и 430 вработени, млад и добро образован кадар во областа на банкарството.