İlker Girit
13 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонскиот оддел на производителот Тојота за луксузни возила, влезе во турскиот сектор за премиум-автомобили со отворањето на претставништво во Истанбул, оваа недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Тојота Турција, Али Хајдар Бозкурт, рече дека компанијата забележала побарувачка за марката Лексус во Турција веќе одреден период, додадавајќи дека ќе бидат отворени нови изложбени салони во Анкара, Измир, Бурса, Анталија и Адана, во следните 12 месеци.
Извршниот менаџер изјави дека ќе бидат обезбедни и технички сервиси за Лексус со интернационални стандарди на 60 различни локации низ Турција.
Продажбата на Лексус во Турција во 2016 година е од 200-250 возила, а оваа број се претпоставува дека ќе порасне на 1.000 возила за пет години, додаде Бозкурт.
Асоцијацијата на производители на автомобили на Турција овој месец објави извештај во кој се вели дека во 2015 година Турците купиле над еден милион автомобили, од кои 65 отсто се од увоз.
Сепак, 1,4 милиони возила се произведении во Турција во текот на истата година, а над 71 отсто од нив се извезени.
Според најновите официјални податоци, бројот на возила регистрирани на патиштата низ Турција во месец јануари изнесува 20 милиони.
„Турскиот пазар за премиум-автомобили стана еден од десетте најдобри пазари во Европа, минатата година”, изјави Алаин Утенховен, одговорниот за Lexus Европа.
Турскиот автомобилски пазар ќе биде еден од најголемите во Европа до 2020 година, рече Утенховен.
Цените на Лексус возилата се движат од 66.000 па сè до 310.000 евра.
Се смета дека влезот на компанијата на турскиот пазар ќе придонесе до пораст на вработеноста.
Марката Lexus, која што е основана во 1989 година, е презентирана на пазарите во над 70 земји во светот и се вбројува во 10-те најголеми јапонски глобални брендови на пазарот на вредност.