Fuat Kabakçı
04 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ПЕКИНГ (АА) - Поради фабрична грешка кај воздушните перничиња, Тојота од кинескиот пазар повлече вкупно 181.797 возила, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за контрола на квалитетот во Кина соопшти дека дефектот бил откриен кај возилата на јапонскиот производител кои биле произведени помеѓу мај 2015 и февруари 2016 година.
Станува збор за моделите „New Highlander“ , „Levin“, „Levin hibrid“ и „Corolla hibrid“.
Тојота ги повлече од продажба спорните модели, а возилата во продажба ќе бидат вратени по поправката. Сите клиенти ќе имаат право на бесплатна поправка на возилата.