Tuba Şahin
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турција и Соединетите Американски Држави (САД) очекуваат да ја постигнат заедничката цел за трговска размена од 100 милијарди долари на избалансиран начин, изјави денеска американскиот секретар за трговија, Вилбур Рос, јавува Anadolu Agency (AA).
„Она што го очекуваме e 50 милијарди долари повеќе од американската страна кон Турција и 50 милијарди долари повеќе од турската страна кон САД“, истакна Рос за време на прес-конференцијата со турската министерка за трговија, Рухсар Пекџан, во Анкара.
Нагласувајќи дека целта многупати била сегашното ниво, Рос рече: „Очекуваме дека таа ќе биде многу избалансирана и значително зголемен обем на трговија.“
Рос истакна дека иако бројките се чинат многу големи, тие се релативно мали во споредба со вкупниот обем на трговска размена на САД.
Од своја страна, турската министерка Пекџан истакна дека двете страни како приоритет за зголемување на билатералната трговска размена ги поставиле различните сектори, како што се текстилниот, секторот за мебел, мермер, автомобилскиот сектор, цивилната авијација, цемент и хемикалии.
Пекџан и Рос се осврнаа и на темите за позначајните сектори како што е секторот за челик во Турција, за што турската министерка упатила предлози до нејзиниот американски колега.
„Двете страни одлучија да формираат комисии за различните сектори под раководство на министрите за трговија на двете земји“, истакна Пекџан.