Ayşe Büşra Erkeç
29 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) – Психологот Нежла Авџи, на семинарот „Недостаток на внимание – хиперактивност“, организиран од страна на Општината Багџилар во Истанбул истакна: „Прехранбените производи со премногу шеќер и јаглени хидрати лошо влијаат врз развојот на мозокот. Сите видови погачи и пити негативно влијаат врз развојот на мозокот. И шеќерот поради прекумерната енергија што ја дава, влијае негативно врз развојот на мозокот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Општината, на семинарот „Недостаток на внимание – хиперактивност“, одржан во Центарот за жени, семејство и културни уметности на Општина Багџилар во Истанбул, се дискутираше за недостатокот на внимание и хиперактивноста, кој во последно време особено е зголемен кај децата на училишна возраст.
На семинарот, психологот Нежла Авџи информирајќи дека кај повеќе од 50 проценти од општеството постои хиперактивност, ги предупреди родителите дека таа е најмногу застапена кај децата.
Таа, исто така, посочи дека прехранбените производи со премногу шеќер и јаглени хидрати негативно влијаат врз развојот на мозокот и додаде:
„Сите видови погачи и пити многу негативно влијаат врз развојот на мозокот. И прекумерната енергија што ја дава шеќерот негативно влијае врз развојот на мозокот. Недостатокот на внимание е биолошко и психијатриско нарушување кое се создава на генетска и наследна основа. Недостатокот на внимание не е ментална болест, таа болест се појавува од самото раѓање, а дијагнозата, секако, ја поставува психијатарот. Децата не се заразуваат отпосле. Факторите од животната средина влијаат, но проблемот е целосно поврзан со брановите што доаѓаат од мозокот. Хиперактивноста започнува од матката на мајката. Хиперактивните деца постојано се активни. Поради тоа им се случуваат несреќи“.
Авџи нагласи дека повеќе од 50 проценти од општеството, од кои најмногу се деца, имаат хиперактивност.
„Сите видови погачи и пити многу негативно влијаат врз развојот на мозокот. Шеќерот поради прекумерната енергија што ја дава, влијае негативно врз развојот на мозокот. Кога мозокот е активен, ако му дадете нешто екстра, тоа ќе придонесе или да се здебелат децата или ќе помогне да бидат хиперактивни. И двете работи се штетни“, изјави психологот Авџи.