Recep Şakar
31 Јули 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
МЕЛБУРН (АА) - Од стомакот на крокодил во австралискиот Квинсленд е извадена ортопедска плочка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Крокодил со должина од 4,7 метри почина на фармата за крокодили „Koorana“, а во стомакот му пронашле ортопедска плочка од не’рѓосувачки челик со шест шила.
Џон Левер, сопственик на фармата за крокодили, изјави дека крокодилот починал како последица на болест. Како што изјави, стомакот му го исекле за да ја утврдат точната причина за смртта и тогаш ја пронашле ортопедската плочка.
„Не можев ни да замислам дека тоа ќе го пронајдеме“, изјави Левер.
Според неговите зборови, плочката со години била во стомакот на крокодилот.
Левер изјави и дека го утврдуваат потеклото на плочката и дека во врска со тоа контактирале една фирма во Велика Британија која се занимава со ортопедски помагала.
На фармата за крокодили, која е отворена во 1981 година, се наоѓаат повеќе од 5.000 крокодили.