Mehmet Akif Turan
17 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
АГАДИР (AA) - Кроко Паркот, првиот парк со крокодили во Мароко, во градот Агадир, само по десет месеци отворање влезе во редот на неизбежни туристички дестинации во оваа африканска република, јавува Anadolu Agency (AA).
Кроко Паркот е отворен во мај минатата година во југозападниот приобален град во Агадир во непосредна близина на Сахара, а до сега посети повеќе од 200.000 домашни и странски туристи.
Извршната директорка на Паркот Ариан Маринети тврди дека тренд на растот на посетеност во тој комплекс ги надминува очекувањата, а посебно задоволство истакнува поради тоа што Паркот го посетуваат голем број на учичишни екскурзии и семејства со деца бидејќи паркот е проектиран како големо детско игралиште.
Паркот низ портата која е направена во рамките на устите на крокодил, на посетителите им нуди единствено чувство и незаборавно искуство при дружење со 325 крокодили колку и моментално живеат во вештачко мочуриште во рамките на Паркот.
Паркот се простира на три хектари површина, а со него управува мароканско-француската компанија.
Ветеринарот Патрик Бурн тврди дека повеќето крокодили во Паркот донесени од островот Јарбе во Тунис.
"Во јуни ги очекувам првите бебиња на крокодилите во Паркот. Тоа ќе бидат првите крокодили кои се излегле во Мароко. Во паркот имаме вкупно 23 видови крокодили, а највеќе нилски", рече Бурн.
Во комплексот Парк се отворени и продавници за сувенири кои на посетителите им нудат сувенири со мотиви на крокодили и дивиот свет на влечкачи.