Emre Baştuğ
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ТУЗЛА (АА) – Познатиот скулптор Јасенко Ѓорѓевиќ од Тузла, БиХ, кој е познат по своите уметнички дела изрезбани на молив, со цел да го привлече вниманието за човечката трагедија што се случува на различни места во светот, првенствено во Сирија, го изрезбал на молив безживотното тело на детенцето Ајлан кое беше исфрлено од морските води на брегот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓорѓевиќ прави минијатури резбајќи различни фигури на молив. Тој оваа своја уметност, правење скулптури на молив, ја започнал пред шест години, а твори со цел да ја подигне општествената свест.
Тажната слика од безживотното тело на детенцето Ајлан, кое беше исфрлено од морските води при превртувањето на бродчето со кое неговото семејство се обиде да избега од војната во Сирија, е овековечена на моливот на Џорџевиќ, со надеж уште еднаш да не се повтори ваков настан.
- „Тоа беше само едно дете, тоа дете не ја предизвика војната“ -
Ѓорѓевиќ даде изјава за АА во која се осврна на уметноста со која се занимава и за делото што го створи во чест на Ајлан Курди.
Тој пренесе дека многу бил тажен кога го видел мртвото тело на Ајлан Курди на брегот и оти тоа многу го погодило.
„Тоа беше само едно дете, тоа дете не ја предизвика војната. Можеби со ова мое дело не можам да му помогнам нему, но на останатите можам да им покажам колку е лоша војната“, истакна тој.
Ѓорѓевиќ рече дека ја искусил војната во Босна и Херцеговина и како дете ја видел тешката страна на војната. Исто така вели дека делото што го направил за Ајлан Курди е изложено во една организација за човекови права во Норвешка.
- „Правам секакви фигури што може да се изработат на молив“ -
Јасенко Ѓорѓевиќ изјави дека изработува секакви фигури што може да бидат изработени на молив, а досега има создадено над 200 дела. Тој додаде дека на молив ги изработува и делата на светски познати уметници, како Микеланџело.