Amina Zorniç
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Чуварите на зоолошката градина во Лондон во изминатите денови го користат годишниот попис за близок контакт и дружење со голем број животински видови, пишува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за најстарата зоолошка градина во светот, отворена во главниот град на Велика Британија на 27 април 1828 година.
Иако изворно е замислена само за научни истражувања, денес во неа живеат најразновидни животински видови, од гепарди, зебри, лемури, лавови, горили, до слонови, нилски коњи и панди.
Секој јануари чуварите на зоолошката градина во Лондон прават годишен попис, кога се пребројуваат сите животни и детално се утврдува нивната здравствена состојба.
На Вероника Хелдт, Суза Хид и Мик Тили, чувари во лондонската градина, за овогодишниот попис ќе им бидат потребни околу три недели. Сите тројца истануваат дека ваквите годишни настани се добра можност за блиска средба со животните.
Перуанските пингвини се веќе преброени во својот базен на отворено, каде што ги набљудуваат стотици посетители. Овие кротки животни редовно соработуваат со чуварите на зоолошката градина, особено во изведувањето акробации во базенот.
На број се и Џае Џае, Мелати, Ахил и Карис (младенчиња на редок суматрански тигар). Чуварите го посетуваат и домот на камилите, на кои им ги пребројуваат забите и ја проверуваат состојбата на крзното, како и живеалиштата на меркатите, грабливата богомолка и ретките единки од минијатурните полжави Партула.
Годишниот попис во зоолошката градина го посетуваат значајни посетители кои за таа пригода издвојуваат 25 евра од лице.