Recep Şakar
23 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
МЕЛБУРН (АА) - Во австралискиот град Џилонг оваа година по 36. пат се одржува фестивалот „Pako Festa 2019“, на кој учествуваат голем број лица од различна етничка припадност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Џилонг, кој е втор по големина град во австралиската сојузна држава Викторија, од 1983 година се организира овој фестивал, богат со голема шареноликост.
Фестивалот „Pako Festa 2019“ започна со традиционалната парада на минување по улицата „Пакингтон“ во Вест парк. Во парадата учествуваат сите етнички заедници кои живеат на тоа подрачје. Италијанци, Македонци, Индонезијци, Бошњаци, Малезијци, Руси, Турци, Срби, Полјаци, Грци, Пакистанци, Индијци, Шпанци, Унгарци, Ирачани, Колумбијци, Филипинци, Карибјани, Сиријци, Непалци и претставници на многу други етнички заедници. Групите што учествуваа во парадата, минувајќи по улицата „Пакингтон“, облечени во традиционални народни носии, со своите игри и танци создадоа разиграна слика од бои.
Од друга страна, учесниците на фестивалот имаа можност во шаторите поставени во рамките на „Pako Festa 2019“ да ги пробаат традиционалните јадења, карактеристични за различните култури.
За првпат оваа година на фестивалот учествува и турскиот оркестар „Мехтер“ (османлиски воен оркестар) на Австралија. Претседателот на оркестарот, Енгин Ибал, за АА изјави дека е среќен што имаат можност да го претстават овој оркестар, кој е дел од турската култура. „Среќен сум што ја имаме можноста на странците тука да им ја презентираме турската култура, илјадагодишното минато на „Мехтер“. Горди сме што како заедница учествуваме на ваков вид културни активности“, рече Ибал.
Организаторите информираа дека на фестивалот оваа година учествуваат 100.000 лица.