Ata Ufuk Şeker
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
БРИСЕЛ (AA) - Во белгиската престолнина Брисел започна „Salon Du Chocolat“, светски познатиот Саем на чоколадо кој привлече големо внимание на јавноста и медиумите како од Белгија, така и од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
На Саемот, кој се одржува во салонот „Tour Taxis“, со големина од 8 илјади квадратни метри, учествуваат 130 произведувачи на чоколада, во најголем дел од Белгија која во светот е позната по производство на чоколадо.
Оваа година на Саемот ќе бидат претставени десетици видови слатки и чоколада кои се произведуваат исклучиво во Белгија, а организирани се и дегустации на чоколада и други слатки кои се подготвуваат врз база на чоколадото.
Посетителите можат да погледнат и бројни презентации во врска со првите почетоци на производството на чоколадо во светот, но и со популарноста на чоколадото низ историјата.
Саемот на чоколадото ќе биде отворен до 24 февруари.