Ata Ufuk Şeker
18 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Најскапиот гулаб во светот е продаден за 1 милион 252 илјади евра на аукцијата што се одржа во Белгија.
Според локалните медиуми, на интернет-аукцијата, гулабот мажјак фламанец по име Армандо, бил продаден за 1 милион 252 илјади евра.
Петгодишниот гулаб поштар, којшто има освоено првенства на натпревари во летање на долго растојание, бил купен од страна на Кинез.
Купувачот нема да учествува на натпревари со најскапиот гулаб на светот, туку ќе го користи само за добивање потомство.
Во Белгија, на аукција одржана во 2017 година, гулаб беше продаден за 400.000 евра.