Özüm Yalkın
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Половна милион луѓе во Сирија, земја која е зафатена со војна, Рамазан, месецот на постот ќе го дочекаат со блокади и окупации, јавува Anadolu Agency (AA).
Шестгодишната војна во Сирија им оневозможува на жителите да живеат во нормален живот. Без храна, вода за пиење, медицински помагала и оваа година влегуваат во месецот Рамазан. Договорот за привремено делумно прекинување на огнот во Сирија стапи на сила на 27 февруари. Со тоа се поразбираше дека хуманитарната помош ќе дојде до сите окупирани подрачја на Сирија.
Под окупација на Хезболах и режимските сили се наоѓаат местата во околина на Дамаск: Мадаја, Муадамије, Источна Гута, бегалскиот камп Јермук,Зебадани, Јаруд, Рухајбах, Канакир, Тадамун, Хаџер ел Есвед, Дераја како и Телбисе, Растан, Хола и Ваер во Хомс.
Припадниците на терористичката организација ДАЕШ, под окупација го држат центарот Диер ез-Зор кој е под контрола на опозициските сили. Меѓутоа, хуманитарната помош во потполност и без проблеми пристигнува во подрачјата Фуа и Кафраја на североистокот на Идлиб.
Според сознанијата на новинарот на АА од локалните извори, под окупација во Мадаја се наоѓаат 50.00 лица, во Источна Гута 325.000, Муадамија и Дараја 40.000. Исто така, под окупација во бегалскиот камп Јермук во Дамаск и Хаџер ел Есвед се наоѓаат околу 60.000 луѓе, а во Ваер во Хомс 15.000.
Во Диер ез-Зор се наоѓаат околу 20.000 луѓе, а во Фуџа и Кафраја околу 25.000. Значи, под окупација се наѓаат 535.000 луѓе.