Ferdi Türkten,Mümin Altaş
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
РИЗЕ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на неговата програма организирана во местото Чамлихемшин во турската област Ризе, преку видео-конференција разговараше со момче со Даунов синдром, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган покажувајќи со раце на младото момче му кажа колку го сака и додаде: „Но ти мене не ми покажуваш. Ај покажи ми да видам колку ме сакаш“
Во видео-конференциската средба остварена преку телефон, момчето со Даунов синдром ја изрази својата љубов кон Ердоган.
Овие снимки беа снимени со телефон од страна на Чигдем Карааслан, потпреседателка на Партијата за правда и развој (АК Партија), објавени на Твитер профилот на Фахретин Алтун, шеф на Одделот за комуникации при турското Претседателство.
„Оној кој што безрезервно го сака својот народ, е сакан од народот онака како што е. Ова е снимка од искрен разговор на нашиот почитуван претседател (Ердоган) со нашиот брат со Даунов синдром“, напиша Алтун во неговата објава.