Abdula Berisha
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
СКОПЈЕ (AA) – Центарот за Дауновиот Синдом во Северна Македонија организираше повеќе настани за 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од кампањата која го носи слоганот „Во ист свет живееме“, беа одганизирани повеќе настани, почнувајќи од 19 март со подготовка на разни украсни предмети од децата со Даунов синдром, презентацијата на видео материалот „Hey you, listen" на артистката Стефанија Милевска, како и други настани.
Претседателката на Центарот за Даунов синдром, Ида Мантон, апелираше лицата со Даунов синдром да не се третираат како болни, објаснувајќи дека ова е хромозонална состојба, затоа апелираше да нема дискриминација во оваа насока. Таа истакна дека Северна Македонија е една од ретките земји кои организираат повеќе настани кои се посветени на светскиот ден на Дауновиот синдром.
„Чест и задоволство ми е што го одбележуваме 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром, со кој што можам да бидам навистина горда, го одбележуваме веќе повеќе години и успеавме земјата да ја подигнеме на листата на земји кои имаат најмногу организирани настани”, рече Мантон.
Таа рече дека е жално што институциите во земјата не можат да пружат услуги на ниво на европските земји, истакнувајќи дека лицата со Даунов синдром имаат потешкотии во развојот и затоа имаат потреби кои треба да се исполнуваат.
Мантон истакна дека цивилниот сектор не може да направи системски промени, туку само може да упати апел сите да ги прифатиме лицата со Даунов синдром и да ги вклучиме во сите области.
Артистката Стефанија Милевска, која работеше на својот видео материјал „Hey you, listen", рече дека во него се вклучени повеќе категории на лица со попреченост. Таа истакна дека е инспирирана од својот брат кој што починал на 38 годишна возраст од церебрална парализа, и овој проект му е посветен на него.
„Во центарот Анастасија во Битола работам одамна на музичка терапија, танц и музика, и всушност во самото видео ги вклучив моите ученици и личностите кои што ги познавам кои ме промениле мене како личност”, рече Милевска.
Како дел од кампањата за одбележување на Светскиот ден на Дауновиот синдром, во недела на 24 март во градскиот парк во Скопје ќе се организира и хуманитарна трка со мотото “Run for Down”. Кампањата е подржана од ЕУ и УНИЦЕФ.
21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром, се одбележува од Обединетите Нации од 2012 година. Овој датум е изберен затоа што лицата со овој синдром имаат проблеми со 21-от кромозом. Дауновиот синдром преставува една од најстарите болести која е запишана во историјата на човештвото. Првпат ја опишал англискиот доктор Џон Даун во 1866, и поради него синдромот го носи неговото име.