Amina Zorniç
06 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
ЊУЈОРК (АА) - Една студија направена од страна на група кардиолози на Универзитетот во Цирих понуди нов доказ дека срцето може сериозно да се оштети и од прекумерни радосни настани, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои поранешни истражувања покажаа дека „екстремните емоции”, како што се страв, тага и гнев може да предизвикаат болка во градите, да доведат до застој во дишењето, срцев удар и смрт, што се нарекува синдром „скршено срце”.
Исто така, срцето, како што тврди студијата, може да го оштети и исклучително среќна вест или настан.
Истражувањето беше спроведено над 1.750 пациенти, каде што причината за проблеми со срцето бил емотивен настан.
Се покажа дека срцето е оштетено на повеќе од половина пациенти по среќни животни настани како што е добивка во казино, роденденски забави, победа на омилен клуб, раѓањето на внук или внука, состанокот со пријател по повеќе од 50 години и слични настани.
Студијата посочи дека повеќето од овие пациенти се жени.