Murat Ünlü
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Редовното конзумирање на чај може да го намали ризикот од губење на помнењето за 50 отсто, покажаа резултатите од истражувањето на научниците од медицинскиот факултет на Универзитетот во Сингапур, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето е спроведено на 957 Кинези, конзумирачи на чај. Тие во период од 2003-3005 година редовно пиеле чај според нивните навики и податоците за испиената количина на чај ја предавале на истражувачите.
Се до 2010 година испитувачите еднаш во две години биле подложни на тестови кои, меѓу останатото, требале да го покажат нивното на нивното помнење.
Според резултатите од истражувањето, секојдневното конзумирање на чај може да ја намали можноста за настанување на проблеми со губење на помнењето за 50 отсто. Кога станува збор за старосната група која има ризик од заболување од Алцхајмерова болест, тогаш таа бројка достигнува дури 86 отсто.
Резултатите од истражувањето се објавени во „Списанието за исхрана, здравје и стареење ” (Journal of Nutrition, Health & Aging).