Lokman İlhan
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
МЕДЕЛИН (АА) - Во рамките на традиционалниот Фестивал на веќето што се одржува во Колумбија, организирана е парада на возила, на која учествуваа околу 300 олдтајмери, јавува Anadolu Agency (AA).
Градот Меделин е домаќин на 60. Фестивал на цвеќето, кој започна на 28 јули.
Парадата на олдтајмери привлече големо внимание кај локалното население, но и кај туристите. Посетителите пред церемонијата ја искористија можноста за фотографирање.
Сопствениците не само што се потрудија „лимените убавеци во најдобрите години“ да ги претстават на најдобар начин, туку големо внимание посветиле и на нивниот изглед.