Sinan Doğan
02 Мај 2024•Ажурирај: 03 Мај 2024
БОГОТА (АА) - Колумбискиот претседател Густаво Петро најави дека од денес, 2 мај, ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради постојаните напади врз палестинскиот народ во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Петро, кој присуствуваше на прославата за 1 Мај што се одржа во главниот град Богота, се обрати до јавноста на плоштадот Боливар.
По тој повод Педро најави дека од 2 мај ќе бидат прекинати дипломатските односи со државата Израел „поради геноцидниот лидер и Владата“.
Нагласувајќи дека Израел извршил геноцид во Газа, Петро рече:
„Целото човештво што денес излезе на улиците се согласува со нас. Не може да се вратиме во ерата на геноцидот. Не може да стоиме настрана и да гледаме како цела нација се уништува пред очите на човештвото. Ако умре Палестина, умира и човештвото.“
Петро изјави дека во израелските бомбардирања во Газа биле убиени бебиња, поради што луѓето низ светот излегле на улиците.
Претседателот Петро на 26 март најави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел доколку не ја почитува одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара прекин на огнот во Газа.