Adel Ömeragiç
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Полицијата во Подгорица поднесе кривична пријата против Ј.Д. (34) од Подгорица, поради основан сомнеж дека на социјалната мрежа Фејсбук направила преку 200 профили на кои се наоѓале фотографии и името на сограѓанката М.Л., соопштено е од Управата на полицијата на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Ј. Д. како што се сомнева, "со име и презиме на оштетената М.Л. на профилите на оваа социјална мрежа, користејќи мобилни телефони и интернет, воглавно наведуваше груби и навредливи коментари и епитети".
Против Ј. Д. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека направила кривично дело "неовластено собирање и објавување на лични податоци", соопштено е од Управата на полицијата.
"Службениците од Одделот за борба против организиран криминал и корупција во соработка со службениците од Центарот за безбедност на Подгорица и по налог на Основното државно обвинителство во Подгорица, на надлежниот тужител му поднеле кривична пријава против лицето Ј.Д на возраст од 34 години од Подгорица, поради основано сомнение дека на штета на сограѓанката М.Л, направила кривично дело неовластено собрирање и објавување на податоци. Во постапката до поднесување на кривичната пријава, овластените политички службеници од Отсекот за борба против организираниот криминал и корупција, на основа на информациите со кои располагале а постапувајќи по налог на надлежен тужител, дојдоа до факти кои во постапката можат да ги користат како докази, а кои укажуваат на сомнеж дека Ј.Д, во продолжен временски период, на социјалната мрежа Фејсбук отворила повеќе од 200 профили на кои се наоѓале фотографии и името на оштетената М.Л.", соопштено е од полицијата.
Службениците на Одделот за борба против организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за ингорматичко општество и телекомуникации од Фејсбук ги остраниле сите спрорни профили.