Admir Fazlagikj
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.797 странски државјани, од кои 1.179 се од машки пол, 540 се од женски, 950 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 128 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.126, Авганистан–880 и Ирак-791, се вели во соопштението.
- Во периодот од 19.06.2015 до 02.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 300.420 странски државјани, од кои, 172.234 се од машки пол, 47.352 се од женски, 64.845 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.989 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од МВР.
Во соопштението се наведува и дека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-177.130, потоа Авганистан-72.752, Ирак-29.100, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.12.2015 до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 02.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет, информираат од МВР.