Sanja Janackovic
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
НИШКА БАЊА (АА) - Посетителите на 16. Меѓународна изложба на ситни животни, која овој викенд се одржува во балон-салата во Нишка Бања, можат да се видат 1.267 експонати - зајчиња, украсна и расна живина, гулаби, папагали и канаринци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според оценката на жирито за тоа кои животни се најубави, се натпреваруваат 152 излагачи од цела Србија, Бугарија и Хрватска. Секој од нив се надева на пехар, медал или диплома.
„Секоја година имаме се повеќе учесници и животни, може да се видат различни видови. Тука се на пример, џуџестата кокошка, живина со потекло од Кина, а Србија веќе некое време е водечка земја во регионот кога станува збор за таа раса “, вели Небојша Дениќ, претседателот на Општеството на одлгледувачи на ситни животни „Наис", кое ја организира оваа изложба.
Кафезите со животни ја исполнуваат речиси цела сала, а во нив се наоѓаат и фазани, патки каролинки и мандаринки , гуски, овозеландски црвени и бели зајчиња, зајак хремелин, белгиски оријаш и други.
„Белгискиот оријаш спаѓа во група на раса на големи зајци и може да достигне тежина и до 10 килограми“, вели еден од излагачите.
Организаторите очекуваат интересот на посетителите да биде уште поголем од минатата година, кога изложбата ја посетија околу две илјади лица.