свет, живот

ОН: Од почетокот на војната во Газа регистрирани речиси 40.000 случаи на хепатитис

„Од 800 до 1.000 нови случаи на хепатитис се пријавуваат неделно од здравствените центри и засолништата на УНРВА низ Газа...“

Ahmed Asmar  | 30.07.2024 - Обновена : 31.07.2024
ОН: Од почетокот на војната во Газа регистрирани речиси 40.000 случаи на хепатитис

АНКАРА (АА) - Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNRWA) предупреди на ширење на хепатитис низ Појасот Газа поради немилосрдните израелски напади врз енклавата, јавува Анадолу.

УНРВА соопшти дека речиси 40.000 случаи на хепатитис се пријавени во Газа од почетокот на израелската војна на 7 октомври 2023 година.

„Од 800 до 1.000 нови случаи на хепатитис се пријавуваат неделно од здравствените центри и засолништата на УНРВА низ Газа. Очајните санитарни услови го олеснуваат ширењето на болестите, вклучително и хепатитис А“, се додава.

Израел продолжи со разорната воена кампања во Појасот Газа од 7 октомври минатата година по нападот на Хамас, и покрај резолуцијата на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

За време на офанзивата, болниците беа систематски цел на израелските напади во кои загинаа најмалку 39.400 луѓе, а речиси 91.000 се ранети, соопштија локалните власти.

По повеќе од девет месеци израелски напади, големи делови од Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.