Oktaj Omeragikj
16 Февруари 2025•Ажурирај: 18 Февруари 2025
СКОПЈЕ (АА) - Панди близначки родени во зоолошката градина „Оушн парк“ во кинескиот специјален административен регион Хонг Конг станаа центар на вниманието на посетителите, известува Анадолу.
Младенчињата панди првпат се појавија во јавноста шест месеци по нивното раѓање. Раѓањето на пандите близначки е голема пресвртница во напорите за зачувување на пандите.
Посетителите со голем интерес доаѓаат во „Оушн парк“ за да ги видат пандите близначки.