ИСТАНБУЛ
- Абдулкадир КАРАКАЈА
Кристијано Роналдо, фудбалерот на италијанскиот тим Јувентус, продолжува да биде на врвот од најпопуларните имиња на социјалните мрежи со навивачка мрежа од скоро 530 милиони следбеници.
Светски познатите фудбалери, кои се едни од најистакнатите познати личности на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, од ден на ден продолжуваат да го зголемуваат бројот на свои следбеници.
Португалската фудбалска ѕвезда Роналдо, кој е еден од играчите што го пренесоа својот успех од зелениот терен на социјалните мрежи, е личност што е најмногу следена во светот.
- Роналдо надмина половина милијарда следбеници
Кристијано Роналдо (36), кој по својот настап за Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид го продолжи својот стабилен перформанс и во редовите на Јувентус, на трите платформи на социјалните мрежи го зголеми вкупниот број на следбеници на 528,7 милиони.
Во италијанската Серија А, која завршува денес, Роналдо се наоѓа на врвот од листата на голгетери со постигнати 29 голови за сезоната 2020-2021. Роналдо, кој на 44 средби во сите натпреварувања досега постигна 36 гола, има 288 милиони следбеници на Инстаграм, 148,6 милиони на Фејсбук и 92,1 милион на Твитер.
Португалскиот фудбалер, кој е на првото место на листата на најследени имиња на Инстаграм и Фејсбук, е на 5-то место на Твитер.
- Познатите личности ги остави зад себе
Роналдо надмина многу светски познати личности со бројот на свои следбеници на социјалните мрежи.
Португалскиот фудбалер се наоѓа на Фејсбук пред колумбиската пејачка Шакира (која има 112,3 милиони следбеници), на Инстаграм е пред американскиот актер Двејн Џонсон (238 милиони) и на Твитер се наоѓа пред американската пејачка Тејлор Свифт (88,6 милиони).
Роналдо е првото име на социјалните мрежи со повеќе од 500 милиони следбеници, а по него следуваат канадскиот пејач Џастин Бибер со 378,5 милиони и американската пејачка Аријана Гранде со 363,2 милиони следбеници.
- Меси надмина 300 милиони следбеници
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, кој последните години не успеа да го постигне посакуваниот успех со Барселона и се најде на дневен ред на управата на клубот поради лошиот успех оваа сезона, продолжува да го следи Роналдо со 309,8 милиони фанови.
Триесет и тригодишната фудбалска ѕвезда Меси, кој нема профил на Твитер, на Инстаграм го следат 208 милиони, а на Фејсбук 101,8 милиони следбеници
- Нејмар е трет најпопуларен фудбалер
По Роналдо и Меси, според бројот на следбеници на социјалните мрежи следува бразилската ѕвезда Нејмар од Париз Сен Жермен.
Дваесет и деветгодишниот фудбалер е на третото место меѓу најпопуларните играчи на социјалните мрежи со вкупно 283,7 милиони следбеници.
Нејмар го следат 151 милион луѓе на Инстаграм, 79,1 милион на Фејсбук и 53,6 милиони на Твитер.
- Во првите 50 има уште двајца спортисти
Меѓу првите 50 најпопуларни имиња на социјалните мрежи, освен Роналдо, Меси и Нејмар, има уште двајца спортисти од други спортски гранки.
Индискиот играч на крикет, Вират Коли, има 207,4 милиони следбеници, додека американскиот кошаркар Леброн Џејмс има 160,5 милиони следбеници на социјалните мрежи.
Триесет и двегодишниот Коли има 119 милиони следбеници на Инстаграм, 46,2 милиони на Фејсбук и 42,2 милиони на Твитер.
Џејмс Леброн, 36-годишната кошаркарска ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, на Инстаграм го следат 85,4 милиони, 49,6 милиони на Твитер и 25,5 милиони на Фејсбук.
- Најдобар меѓу ѕвездите од турската Супер лига е Месут Озил
Месут Озил, играчот на Фенербахче, се истакнува како најпопуларен фудбалер на турската Супер лига на социјалните мрежи со вкупно 88,4 милиони следбеници.
Месут, кој неодамна на социјалните мрежи сподели објави за настаните во Палестина и источен Туркистан, на Фејсбук го следат 38,4 милиони луѓе, 26 милиони на Твитер и 24 милиони на Инстаграм.
Колумбискиот интернационалец и играч на Галатасарај, Радамел Фалкао, е на второто место со 43,6 милиони следбеници (17,4 милиони на Твитер, 13,6 милиони на Инстаграм, 12,6 милиони на Фејсбук).
Германскиот напаѓач на Фрапорт ТАВ Анталијаспор, Лукас Подолски, има 15,9 милиони следбеници, Арда Туран од Галатасарај го следат 15,4 милиони, а голманот на Галатасарај, Уругваецот Фернандо Муслера, го следат 5,5 милиони следбеници.