Hasan Hüseyin Kulaoğlu
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Според резултатите добиени од истражувањата, можноста за појава на Паркинс кај мажите е поверојатна отколку кај жените, тврди претседателот на Здружението за заболени од Паркинс во Турција, проф. Др. Раиф Чакмур, изнесувајќи го податокот за вкупно 5 милиони заболени лица од Паркинс во светот, од кои 100-150 илјади се во Турција, јавува Аnаdolu Agency (АА).
Триесетгодишната борба со Паркинсот на американската боксерска легенда, Мухамед Али, кој неодамна го загуби својот живот на 74-годишна возраст, како што вели Чакмур, довела до реактуелизација на темата за Паркинсовата болест.
Чакмур истакнува дека не постојат научно основани докази дека добиените ударни импулси во главата се причина за заболувањето, Но сепак постојат сличности во резултатите при мозочните оштетувања како резултат на долгогодишни трауми на главата, кои доведуваат до некакво поврзување со наодите произлезени од Паркинсонизам“, вели тој.
Дијагнозата на стекната мозочна деменција во случајот (dementia pugilistica) се нарекува „боксерска деменција“ или синдром на „пијан-удар“, истакнува Раиф Чакмур, објаснувајќи го следното:
„Токму поради тоа дијагнозата за Паркинсоновата болест во случајот кај Мухамед Али се разликува од онаа која е вообичаено забележана во повеќето случаи на Паркинс. Големиот опсег на мозочна деменција, која произлегува од Паркинсоновата болест, го оддалечи Мухамед Али од социјалниот живот. Болеста напредува бавно. Влијанието врз мозочните клетки почнуваат со години наназад. Токму поради тој факт, не може да се прифати еден настан како конкретна причина за настанување на болеста.“
Според добиените статистички податоци, почетната форма на Паркинс се јавува кај луѓето на 60-годишна возраст, а можноста за заболување расте со зголемување на староста, и како што вели Чакмур, степенот на заболување е поголем во државите во кои преовладува постаро население.