МОСТАР (АА)- По речиси четири децении од страшната трагедија која ја погоди тогашната Југославија со веста дека животот го загубил Џемал Биједиќ, неговиот долгогодишен близок пријател, соработник и сограѓанин Радмило Браца Андриќ, кој во несреќниот авион со него леташе од Белград до Мостар месец дена порано и денес се прашува зошто никој не објави извештај за несреќата којашто се случи тогаш.
Секогаш околу годишнината на смртта на Џемал Џемо Биједиќ, Андриќ, предвоениот градоначелник на Мостар, вели дека е во посебно размислување, кое низ разговор со екипата на Anadolu Agency (AA) одлучи да го изнесе во јавност, бидејќи тешко му паѓаат шпекулациите за неговата смрт кои околу годишнината на неговата смрт обично одекнуваат во јавноста. Во извештајот, како тврди Андриќ, јасно стои дека несреќата ја причини неприлагодена брзина на летањето, наведени се, тврди тој, во тој извештај и временските неприлики како и фактот дека авионот имал грешка. Андриќ нагласува дека тоа го потврди и тогашниот командант на военото воздухопловство Енвер Ќемаловиќ.
"Авионот во кој загина Џемал Биједиќ се викаше Лил-Јат. Тоа е всушност, авионот кој во САД е правен како ловец бомбардер, но не можеше да поднесе многу тежина, па е преквалифициран во патничка варијанта. Мислам дека Југославија купи такви пет авиони, од кои два беа во военото воздухопловство, а три во ескадрилата на Сојузниот извршен совет" , вели Андриќ. По несреќата, востановено е дека сите авиони ја имале истата грешка, раскажува Андриќ.
"Имаше и разни приказни и обвинувања и на сметка на Јованка, како и на одредени други луѓе дека наводно е пресметано како Џема да биде убиен бидејќи му пречел на некој во вршењето на должноста. Поради тоа ми е навистина жал зошто не се објавени вистинските записи за несреќата" , вели Андриќ.
Појасни дека во Југославија постоеја коридори по кои авионот мораше да се движи, но не само домашните, туку и сите други авиони мораа да се придржуваат до тоа.
"Исто така, на тие коридори постоеа одредени уреди кои го следат движењето на авионот, како и одредени точки на кои за одреден аеродром се презема контрола на летањето при што авионот мора да надлета со одредена висина и брзина која ќе му се дојави за да добие упаство за слетување. Кај сараевскиот аеродром на кој Џема требаше да слета исто така постои таа точка над која авионот надлетуваше многу повеќе и многу побрзо отколку што е тоа дојавено. Пилотот се обидуваше да направи круг во кој требаше да достигне достигне одредена висина и брзина, но за време на наглото кочење дојде до пропаѓање на авионот и тој удри во ридот", рече, помеѓу останатото, Андриќ за Anadolu Agency (AA), со намера да појасни што навистина се случи пред 39 години на небото над планината Лисин во чиј врв удри авионот.
Несреќниот, како го нарекува, 18 јануари, 1977 година беше во Белград како член на делегацијата на БиХ во Советот на републиките и покраини на Сојузното собрание на Југославија и никогаш нема да ги заборави тие лоши временски прилики какви што можат да бидат во месец јануари, како и тагата која ја предизвика загинувањето на Џемал.
"Кога дојде веста во Сојузното собрание, јас бев во шок како и многу други. Ни солзите не можев да ги застанам, а сите делегации со жалење на нас од БиХ ни изразија сочуство", рече Андриќ. Се присети како тој ден поради лошите временски услови летовите во неколку наврати беа одложувани. Како истакнува, Тито отпатува за Либија, а поради неговото испраќање и лошите временски прилики и Џемал доцнеше на многу важен состанок на Централниот Комитет во Сараево.
"Беше толку енергичен што не ме чури дека го брзал пилотот без разлика на ограничувањата кои ги имаа, бидејќи не сакаше да доцни на состаноците. Јас можам да ви кажам дека, додека Џема беше претседател на Сојузниот извршен совет тој беше човек од доверба не само на Тито, туку и на другите и одлучен во спроведување на одредени прописи, закони и договори. Поради тоа јас можам да речам и тоа го знаат сите кои ја следеа состојбата во Југославија, со смртта на Џемал Биједиќ автомобилот на Југославија тргнаа надолу", рече Андриќ.
Со гордост се присетува зборувајќи за економската ситуација во Југославија и бројните преговори на тогашното раководство, како и залагањето на Биједиќ за напредокот на земјата, а посебно на БиХ и родниот Мостар, кој како што нагласува Андриќ, го сакал неизмерно.
"Беше човек кој се интересираше за напредокот на сите животни сегменти од земјоделство до културните институции. Во периодот на неовото активно делување во Мостар се создадени Народниот театар, Музејот и Архивот на Босна и Херцеговина, Синфонискиот оркестар, а Вележ стана член на Сојузната лига на Југославија", вели Андриќ.
Бједиќ помогнал да се направи првиот извиднички дом во Мостар, кој бил воедно и прв во Југославија, раскажа Андриќ, присетуваќи се и на заедничките планински дружења со Биједиќ.
"Тоа се се некои мали работи кои на Мостар му значеа многу, а да не ги спомнувам големите работи, како што е фабриката за авиони Соко во Мостар", раскажува Андриќ, велејќи дека тоа не беше просперитет само за Мостар, туку и за цела БиХ.
Исто така се присети и на макотрпниот преговор кој заедно со Џемал Биједиќ го водел за отворање на првата високообразовна институција во Мостар и радоста кога успеале во тоа, бидејќи овозможиле образование во Херцеговина. Првата високообразовна институција во Мостар, како истакнува, започна да делува под покровителство на Сараевскиот универзитет со одделите на правниот и економскиот факултет, а сега тоа е универзитет кој гордо го носи името на Џемал Биједиќ.