Selçuk Acar
24 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Родителите на детето Ахмед Мохамед, кој излезе во јавноста по апсењето во училиштето поради рачно направениот часовник, бараат 15 милиони долари оштета, од училиштето и од градот Ирвинг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова 14 годишно дете после овој случај е испишано од училиште, а прифати понуда за стипендија од Фондацијата Катар и отсели за Доха, каде го продолжи своето образование. Родителите на Ахмед Мохамед од управата на градот барале 10 милиони долари оштета, а од училиштето пет. Исто така, бараат и писмено извинување на градоначалничката на општината Ирвинг, Ван Дујне како и од другите функционери. Ахмед Мохамед поради тие случувања претрпел сериозна психолошка траума. Семејниот адвокат Кели Холингсворт чече дека се работи за голема цифра и дека тие тоа го знат, но дека тоа не е доволно за штетата која и е нанесена на семејството.
После тој скандал на момчето патем социјалната мрежа Твитер му беше пружена поддршка од цел свет
Ахмед е муслиман од САД, по потелко од Судан , кој на 16 септември во училиштето го уапси американската полиција поради тоа што во училиштето донесе часовник кој сам го направи, а неговата учителка помисли дека станува збор за бомба. Осуди за апсењето стигнаа од целиот свет, а Ахмед за неговата надареност го пофали и американскиот претседател Барак Обама. Турскиот премиер Ахмед Давутоглу за време на септемвриската посета на Њујорк лично го запозна Ахмед и му вети поддршка во продолженеие на образованието. Исто така Ахмед доби поддршка и од основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг.
Катарската стипендија му осигурува на Ахмед завршување на средно училиште и продолжување на образованието, така да и неговото семејство се отсели за Доха.