Турскиот претседател Ердоган: „Нашиот став за Кипар е апсолутно јасен. Време е да се прифати реалноста дека на островот постојат два посебни народи, две посебни држави.“
Економските мигранти втор ден продолжуват да протестираат со молк
Економските мигранти втор ден продолжуват да протестираат со молк
- Имаше и такви кои од умор, прегладнетост и дехидрираност мораа да примаат лекарска помош. Меѓу нив имаше и голем број на деца и жени. Револтирани од тоа што Македонија не им ги отвора границите, одбиваа да дадат изјава за медиумите
????? ??????????
24 Ноември 2015•Ажурирано: 25 Ноември 2015
Гевгелија
ГЕВГЕЛИЈА АА - Со залепени и зашиени усти стотина мигранти од Иран го продолжија протестот со молк. Сакајќи да го изразат револтот поради тоа што се спречени во намерата да го продолжат патот кон земјите од Европската Унија, тие и денеска останаа да седат и лежат на железничката пруга на македонско-грчката граница одбивајќи храна, јавува Anadolu Agency (AA) .
Имаше и такви кои од умор, прегладнетост и дехидрираност мораа да примаат лекарска помош. Меѓу нив имаше и голем број на деца и жени. Револтирани од тоа што Македонија не им ги отвора границите, одбиваа да дадат изјава за медиумите.
Наспроти групата од Иран кои протестираа со молк, група мигранти од Пакистан и Мароко гласно скандираа извикувајќи: “Спасете ги нашите животи”.
Тие побараа да се отвори македонската граница како би го продолжиле патот кон Европа.
Од денес и тие одбиваа храна, сакајќи да се солидаризираат со мигрантите од Иран.