Fatjon Cuka
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ТИРАНА (АА) - Студеното време што ја зафати речиси цела Албанија предизвика многу проблеми во секојдневниот живот на жителите, а во последните денови студот беше причина животот да го загубат и неколку жители од оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај многубројните тешкотии во секојдневниот живот, ваквите временски услови во многу области создадоа глетка што го привлече вниманието на туристите и на локалните посетители.
Екстремно ниските температури во главниот град Тирана предизвикаа сосема да се заледи езерото во зоолошката градина, која е дом на многу видови птици.
Додека многубројните патки, гуски и лебеди се збунети од дебелината на ледот што се формирал на езерото по кое шетаат, целата глетка привлече многубројни туристи кои дојдоа за да ја фотографираат.
Во екот на ниските температури што не ја заобиколија ниту Тирана, граѓаните ги нахранат гладните птици, кои ги чекаат сончевите денови за повторно да запливаат во езерото.