AP
16 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Најголемиот пребарувач Google објави листа на имиња и термини кои во текот на 2015 година беа најчесто впишувани на пребарувачот.
Прво место од пребарувањата на Google во 2015 година се најде поранешниот кошаркар Ламар Одом, на второ место францускиот сатиричен магазин "Шарли ебдо", потоа играта "Agar.io" филмот "Јура свет", градот Париз, филмот "Брзи и бесни 7, видео-играта "Fallout 4", Ронда Русеј и Кејтлин Џенер.
На десетто место на термини кои најмногу се пребаруваа на Google е филмот "Американски снајперист, јавува Anadolu Agency (АА).