Zehra Ulucak
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Гугл, Фејсбук, Твитер и Мајкрософт со заедничка база на податоци ги здружија силите за отстранување на екстремистичките содржини и содржините поврзани со тероризмот од интернет-платформите, јавува Anadolu Agency (AA).
Гигантските технолошки фирми направија заеднички договор за идентификација и отстранување на екстремистичките содржини од платформите за споделување на информации, така што создадоа база на податоци што се состои од дигитални отпечатоци на прсти, наречена „hashes“ (хеширање), којашто ќе препознава фотографии и видеа со содржини што го поддржуваат тероризмот.
Оваа база на податоци содржи видеа и фотографии што им припаѓаат на терористите и што содржат насилство. Кога системот ќе ги препознае ваквите содржини, веднаш ќе ги извести одговорните во фирмата.
Кога некоја од фирмите ќе утврди ваква содржина, останатите фирми користејќи се со „хешис“ ќе имаат можност да ги отстранат тие содржини од нивните мрежи.
„Продолжуваме со нашите напори да ги контролираме терористичките содржини на интернет. Се надеваме дека уште повеќе ќе ја развиеме оваа соработка“, стои во заедничката изјава на четирите фирми.
Фирмите најпрво ќе започнат со споделување на најекстремните и застрашувачки терористички содржини со отпечатоци од прсти.
Владите од целиот свет вршат притисок врз технолошките фирми за да ги отстранат терористичките содржини од веб-страниците.