Ferdi Uzun
15 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
АЈДИН (АА)
- ФЕРДИ УЗУН
Ерман Ердуран, откако се насели во подрачјето на Кушадаси во турската област Ајдин, со поддршка на Владата на Туркије (Турција) започна со производство на караван приколки и сега се подготвува да ги испорача нарачките што ги добил од земји како што се Холандија, Германија и Белгија.
Ердуран претходно работел како менаџер во автомобилска компанија во Ескишехир. Во 2018 година со ненадејна одлука дал отказ од својата работа и се населил во Кушадаси.
Одлучувајќи да започне сопствен бизнис во Кушадаси, каде што претходно бил на одмор со својата караван приколка, Ердуран започнува да ја истражува државната поддршка за претприемачите.

По некое време, Ердуран подготви проект за производство на караван приколки и го претстави на Администрацијата за развој и поддршка на мали и средни претпријатија (KOSGEB).
Откако проектот бил прифатен, Ердуран од државата добил финансиска помош од приближно 200.000 лири (околу 11.000 евра). Со овие пари отворил работно место за производство на караван приколки.
Со производство на караван приколки во различни региони на Туркије, Ердуран вработил и 6 лица.

- „Има побарувачка од европските земји“
Во изјава за дописникот на Агенција Анадолија (АА), Ердуран рече дека е ентузијаст, дека ја сака природата и сака да кампува во неа.
Објаснувајќи дека почнал да го следи концептот на туризмот во светот, Ердуран рече: „Интересот за кампување и каравани се зголеми особено со епидемијата. Тоа имаше влијание што го започнав бизнисот во овој сектор. Во моментов побарувачката и производството се добри. Ги постигнавме нашите цели на краток и на среден рок. Сега имаме планови за странство и за извоз на долг рок. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Има побарувачка од Германија, Холандија, Белгија и европските земји. Има и луѓе со кои имаме потпишано преддоговор.“

- „Побарувачката расте, производството се зголемува“
Укажувајќи на важноста на државната поддршка во основањето на сопствен бизнис, Ердуран додаде дека КОСГЕБ е првиот фактор за неговиот успех во толку кратко време.
Ердуран препорача на младите претприемачи да бараат државна поддршка, објаснувајќи: „Јас започнав на тој начин. Постигнавме големи работи со државната помош. Верувам дека ќе успееме уште повеќе. Од ден на ден се зголемува бројот на вработените лица. Побарувачката расте, производството се зголемува. Продаваме по две камп-приколки месечно. Оваа бројка е многу добра за овој момент.“
Садула Дулгер, директорот на КОСГЕБ во општината, нагласувајќи ја важноста да се инвестира во различни деловни линии, рече дека успехот на нивните претприемачи ги прави горди.