Ahmet Furkan Mercan
15 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ТОКИО (АА) - Лубеница денсуке, која се одгледува во Хокаидо на северот на Јапонија, најде купувачи за 600.000 јени (околу 4.500 долари) во првата берба од сезоната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според јапонскиот јавен сервис НХК (NHK), лубениците денсуке, кои растат само во регионот Тома во Хокаидо, им беа претставени на купувачите од првата берба од оваа сезона.
Лубеница денсуке беше продадена за 600.000 јени на отворањето на пазарот во Тома, во раните утрински часови.
Производителите на лубеници годинава планираат да продадат 55.000 лубеници во земјата.
Лубеницата денсуке е позната по својата речиси црна надворешна боја. Минатата година лубеница денсуке на отворањето на сезоната во истиот регион е продадена за 750.000 јени.